ФИТНЕСОТ НЕ Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ НА АЗАР
Објавено на: 27.09.2021
Белгискиот интернационалец се врати во посакуваната физичка форма по повредите кои го следеа во Реал Мадрид, но сега има други проблеми во обидот да се врати во првиот тим на Кралскиот клуб. Конкуренцијата е пеколна, особено откако дојде Карло Анчелоти.

Италијанецот го ревитализира нападот на гигантот, Бензема е во животна форма со 8 гола и 7 асистенции на 7 меча, Винициус помалку игра со топката и постигнува круцијални голови, од отпишаниот Асенсио сега противниците се „тресат“, дури и Родриго почна да игра.

Еден Азар дојде од Челси за 100 милиони евра во 2019-та како наследник на Кристијано Роналдо, но скоро и да не одигра еден цел натпревар во кој ги покажа игрите од Лондон или квалитетите кои ги има. Ќе биде ли една од најлошите инвестиции на Реал Мадрид?