Фудбал
МОРАТА И ДИБАЛА ВО АУТ, СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ЗА ЈУВЕ
Објавено на: 27.09.2021
Двајцата напаѓачи се повредија и нема да играат во мечот од Лигата на шампионите против Челси, соопшти клубот од Торино. Старата дама останува без ударното дуо во нападот, против актуелниот европски шампион.

Репрезентативците на Шпанија и на Аргентина имаат повреди на бутните мускули, поради што ќе бидат достапни дури по паузата за националните селекции, односно по натпреварите меѓу 4-ти и 12-ти октомври.