ФЛИК НЕЗАДОВОЛЕН ОД ТЕРЕНОТ НА АТЛЕТИКО
Објавено на: 13.04.2026
Тензијата расте пред реваншот во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а тренерот на Барселона, Ханси Флик, веќе пронајде причина за загриженост: тревникот на стадионот на Атлетико Мадрид.
За време на последниот тренинг на Метрополитано, камерите уловија интересен момент. Флик, веднаш по прес-конференцијата, излезе на теренот, се наведна и со раце ја допре тревата, очигледно проверувајќи ја нејзината состојба. Епилогот: Германецот е незадоволен.
Тој дури имал и директен разговор со делегат на УЕФА, каде ја изразил својата загриженост од лизгавиот терен. Според медиумите, слична била ситуацијата во лигашкиот дуел пред неполни 10 дена, кога Германецот побарал од играчите да играат со друг вид на крампони на копачките.
🌱 Parece que Hansi Flick no está muy conforme con el estado del césped del Metropolitano…
🔗 https://t.co/vm1Nx3Fli8 🔗 pic.twitter.com/oqi8qtA94l
— ElDesmarque (@eldesmarque) April 13, 2026
Иако официјално е потврдено дека теренот ги исполнува сите технички стандарди, Флик очигледно смета дека тоа не е доволно за ваков натпревар.
Зошто е важен тревникот?
За Барселона, која игра фудбал базиран на посед и брза циркулација на топката, квалитетот на теренот може да биде клучен фактор.
- побавен терен – побавна игра
- нерамна подлога – повеќе грешки
- помалку контрола врз ритамот
Во натпревар каде што секој детал може да реши, ваквите работи стануваат огромни. Сепак, се поставува прашањето, ако е ваков теренот за Барселона, ќе биде истиот и за Атлетико Мадрид?