СЕ СЕЌАВАТЕ ШТО СЕ СЛУЧИ КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ ИГРАА ЧЕЛСИ И СИТИ?
Објавено на: 25.09.2021
Последната средба меѓу двата англиски клуба беше финалето во Лигата на шампионите, во кое граѓаните влегоа како големи фаворити, а излегоа како губитници.

Мечот се одигра на стадионот Драгао во Порто, а победничкиот гол го постигна германскиот интернационалец Каи Хаверц во 42-та минута. Играч на натпреварот беше Канте од Челси.

По астрономските вложувања претходната и минатите сезони, Сити повторно остана без пехарот кој животно го посакува. Од преземањето, шеиците потрошиле преку 2 милијарди евра за овој тим, кој се уште не знае да ја покори Европа.

Гвардиола остана на двете контроверзни титули освоени со Барселона – по „случајот Овербо“ во реванш полуфиналето кај Челси во 2009-та, односно непостоечкиот црвен картон на Пепе и поништениот гол на Игуаин во полуфиналето со Реал во 2011-та. Не успеа да го одбрани пехарот кога го наследи Јуп Хаинкес во Баерн Минхен, не успева ниту со Манчестер Сити каде командува од 2016-та.

Ацпиликуета и Канте беа клучните играчи на последното финале во Лигата на шампионите, двајцата заедно беа доведени во Челси за вкупни 40-тина милиони евра, што уште еднаш ни демонстрира дека не е се во парите…