Фудбал

МБАПЕ ВО СИТИ, МАРСИАЛ ВО ДОРТМУНД, ИСКО ВО МИЛАН

Големите клубови предвреме ги почнаа преговорите со големите ѕвезди:

  • Манчестер Сити тргна во офанзива по Килиан Мбапе и нема цена која ќе ги спречи „граѓаните, да го ангажираат францускиот ас. Прашање е каде тој сака да игра, во Англија или во редовите на Реал од Мадрид.

  • Борусија Дортмунд гледа кон Марсиал како замена за Холанд, кој следното лето останува без договор и ќе биде лансиран во трансфер-орбитата по (се очекува) астрономска цена. Нема екипа која не го сака напаѓачот.

  • Милан сериозно размислува да го ангажира Иско, преговорите се во напредна фаза, тој не игра во Реал, а во редовите на росонерите ќе си обезбеди статус на првотимец, со оглед на тоа што таму недостасуваат креативци.

Споменатите трансфери може да се реализираат најрано во јануари, во зимскиот преоден рок или тогаш да се потпишат официјални преддоговори за трансфер следното лето.