ДВАЈЦАТА ТРЕНЕРИ ПОВРЗАНИ СО РОСОНЕРИТЕ ГО РЕВОЛУЦИОНАЛИЗИРААТ ФУДБАЛОТ
Објавено на: 25.09.2021
Никогаш не се сретнале, но се поврзани со Милан – Стефано Пиоли го разбуди заспаниот џин, додека Јулијан Нагелсман се споменуваше како можна опција пред доаѓањето на актуелниот стратег. Двајцата имаат уште нешто заедничко – сакаат промени во фудбалот. На подобро.
Ако сакате да видите напаѓачки фудбал во модерната игра, донесете правило кое ќе забрани враќање во задното поле, откако играчот преминал во предното преку средната линија. – се зборовите на Пиоли.

Американскиот фудбал е технолошки многу понапреден од европскиот, квотербекот има слушалка со која контактира со тренерот. Тоа ни е апсолутно потребно. Фудбалот мора да престане да се крие зад традицијата и самиот одвнатре да се револуционализира. – изјави Нагелсман.

Технологијата е составен дел од многу спортови, особено напредните, американските и помага при спорните ситуации, односно е незаменлива. Фудбалските челници често знаат да кажат – технологијата ќе го уништи фудбалот.
Дали технологијата и напредокот на правилата би го уништиле фудбалот, или би ги спречиле „големците“ да ги „кројат“ натпреварите и резултатите?