СРАМЕН ПОТЕГ НА МБАПЕ ЗА БЕС ВО ЦЕЛА ФРАНЦИЈА (ВИДЕО)
Објавено на: 02.04.2026
Француската јавност е на нозе по потегот на Килијан Мбапе, кој и покрај тоа што одигра само неколку минути против Колумбија, успеа да стане главна тема.
Ѕвездата на Франција влезе во игра во 78. минута, но наместо со потег на теренот, вниманието го привлече со одлука што многумина ја оценија како контроверзна.
Додека чекаше Маркус Турам да ја напушти играта, Мбапе му сигнализираше на Рајан Шерки да ја земе капитенската лента од раката на Н’Голо Канте и да му ја донесе. Шерки го направи тоа, му ја извади лентата на Канте и му ја предаде на Мбапе.
Сцената предизвика бурни реакции.
На социјалните мрежи следуваше лавина коментари од навивачите: од „непочитување кон соиграчите“ до остри критики дека ваквиот потег е арогантен и неприфатлив.
Иако Мбапе е лидер на новата генерација и најголема ѕвезда на тимот, дел од јавноста смета дека начинот на кој ја презел капитенската улога не бил соодветен, особено кога станува збор за играч како Канте, кој важи за еден од најпочитуваните во соблекувалната.
View this post on Instagram