Фудбал

ХАЛАНД И САЛАХ СЕ НАВЛЕКЛЕ НА ШАХ

Сѐ повеќе фудбалски ѕвезди откриваат нова страст надвор од теренот, како на пример шахот. Меѓу нив се Ерлинг Халанд и Мохамед Салах, кои јавно признаваат дека речиси секојдневно ја играат оваа интелектуална игра.

Халанд оди чекор понатаму, бидејќи не само што игра, туку и инвестира во нови шаховски турнири, со што придонесува за растечката популарност на шахот меѓу младите во Норвешка.

Мора да размислуваш неколку потези однапред, да веруваш на инстинктот и да имаш стратегија. Тоа е исто како фудбалот.

Салах, пак, е познат по тоа што игра „блиц“ шах онлајн, често под анонимен профил.

Зависен сум од шах. Секој ден, буквално секој ден,

призна Египќанецот.

Но тие не се единствени. Шах играат и Хари Кејн, Трент Александер-Арнолд, Ентони Гордон, како и Мартин Одегард и Еберечи Езе, кој дури освои аматерски турнир во 2025 година.

Интересната врска меѓу фудбалот и шахот ја потврдува и светскиот шампион Магнус Карлсен, кој е голем љубител на фудбалот. Тој дури одигра партија против Александер-Арнолд и го победи за само пет минути, а потоа изјави:

На прв поглед, шахот и фудбалот изгледаат како спротивности, едниот бара мир и концентрација, другиот физичка сила и агресија. Но суштината е слична.

И Пеп Гвардиола одамна го кажа истото, поврзувајќи го шахот контролата на просторот, особено „средината“ која според него е клучна и во двете игри.