СТАДИНОТ ВО КОПЕНХАГЕН РАСПРОДАДЕН ДО ПОСЛЕДНО МЕСТО
Објавено на: 23.03.2026
Македонија ја очекува вистински фудбалски пекол во Копенхаген!
Во пресрет на бараж-дуелот меѓу Македонија и Данска, пристигнуваат информации од Данска дека легендарниот стадион Паркен е комплетно распродаден. Сите 38.000 седишта ќе бидат исполнети, а атмосферата се очекува да биде на највисоко можно ниво.
Паркен важи за едно од најтешките гостувања во Европа. Данските навивачи создаваат силен притисок од првата до последната минута, со постојана поддршка, песна и енергија што го носи домашниот тим. Токму затоа, Македонија ќе има огромен предизвик, не само против силниот противник, туку и против жешката атмосфера на трибините.
Но, „црвено-жолтите“ нема да бидат сами. Се очекува околу 1.000 македонски навивачи да бидат присутни на стадионот, најголем дел од дијаспората во Данска и околните земји, но и од Македонија веќе се најавуваат патувања кон Копенхаген за овој историски натпревар.
Се надеваме дека како и во Палермо, така и во Копенхаген, нашите ќе најдат начин да ја стишат домашната публика и да обезбедат големо бараж финале следната недела.