Фудбал

РЕИНКАРНАЦИЈА НА КАРИЕРИТЕ НА РОНАЛДО И БЕНЗЕМА?

Португалскиот напаѓач постигна 4 гола во воведните три натпревари за Манчестер Јунајтед, каде дојде од Јувентус во големата сага во летниот преоден рок. Дали ќе се снајдеше исто ако поминеше во Манчестер Сити, или тоа беше само маркетиншки трик на Кристијано?

Карим стрелаше шестпати и асистираше петпати, во пет натпревари за Реал Мадрид. По заминувањето на Роналдо од Кралскиот клуб, францускиот интернационалец често знаеше да каже дека бил потценуван и задушен додека биле партнери. Потврда за оваа констатација?