Фудбал

СМЕЕШЕ ЛИ ПОКЕТИНО ДА ГО ЗАМЕНИ МЕСИ?

Најголемата ѕвезда на ПСЖ плати прв – Меси беше заменет на мечот со Лион при 1:1, кога на клубот од престолнината не му одеше, по што во дополнителните минути беше постигнат победничкиот гол за конечните 2:1.

Лион е силен тим, со силни играчи кои играа одлично во првото полувреме. По примениот гол мораше да покажеме карактер. Треба да најдеме баланс за да му дадеме сила на нашиот тим. Мора да продолжиме да работиме на ова.

Играме секои три дена, немаме многу тренинзи, поради што гледаме видео-анализи и се прилагодуваме. Треба да работиме на тоа да го смалиме просторот меѓу нашите редови. – изјави стратегот Маурисио Покетино.

Во ростерот на ПСЖ има 35 играчи и сите сакаат да играат – имаше ли право тренерот да го замени најдобриот играч на својата екипа, кога почувствува дека на тимот не му оди?