Ф1 ВОВЕДУВА „СЕЈФ СИТИ“ ЗА ВОЗАЧИТЕ
Објавено на: 04.03.2026
Ако го прочиташ насловов и си речеш „еј, па тоа веќе има во Ф1 долго време“, во право си, но и не си во право бидејќи Ф1 воведува повторно новина и иновација.
Меѓународната автомобилска федерација воведува нов систем за следење на границите на патеката во Формула 1, технологија која многумина веќе ја нарекуваат своевиден „ВАР“ за болидите.
Новиот систем се вика ЕЦАТ и ќе овозможи следење на позицијата на болидите во реално време, особено во свиоците каде што најчесто се случуваат спорните излегувања надвор од границите на патеката.
Целта е да се избегне досегашната практика на рачно прегледување снимки и долгото донесување одлуки. Со ЕЦАТ, судиите ќе добиваат побрза и попрецизна потврда за можни прекршоци.
Правилото за границите на патеката со години предизвикува полемики, особено во квалификациите, кога возачите во борба за стотинки ја преминуваат линијата, а круговите подоцна им се поништуваат.
Со новата технологија, ФИА сака да ја забрза комуникацијата со тимовите. Екипите автоматски ќе добиваат фотографии од секој регистриран прекршок на нивните возачи, што треба да донесе поголема точност и помалку простор за сомнежи.
Системот ЕЦАТ ќе се користи уште од првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија, која е закажана за викендот кој следи.