И ФАБРИЦИО РОМАНО НАСАНКАН: ОБЈАВИ ЛАЖНА ФОТОГРАФИЈА ОД АНЧЕЛОТИ
Објавено на: 16.02.2026
Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, беше снимен на главната поворка на карневалот во Рио де Жанеиро, најголемиот карневал во светот.
Италијанецот, кој во кариерата ги водеше Реал Мадрид, Милан и Челси, уживаше во атмосферата во ВИП-ложата во друштво на поранешните светски шампиони од 2002 година, Денилсон и Роналдо, како и со познатата телевизиска водителка Сабрина Сато. Со него беше и неговата сопруга Мариан.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се прошири и фотографија на која Анчелоти е прегрнат од три девојки. Подоцна беше потврдено дека станува збор за слика генерирана со вештачка интелигенција. За да биде виралноста уште побанална, на таквата лажна фотографија наседна и познатиот новиар Фабрицио Романо.
Анчелоти летово го очекува сериозен предизвик, обид да ја одведе бразилската фудбалска репрезентација до рекордната шеста светска титула. На Мундијалот, Бразил ќе стартува против Мароко, потоа ќе се соочи со Хаити, а групната фаза ќе ја затвори против Шкотска.
Анчелоти официјално ја презеде функцијата во мај 2025 година, а според пишувањата на спортскиот Д Атлетик, се очекува да потпише нов четиригодишен договор со Бразилската фудбалска конфедерација, со што би ја водел репрезентацијата и на Светското првенство 2030 година.