Фудбал

ДАЛИ ГОЛОТ НА ЖИРОНА ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПОНИШТЕН? (ВИДЕО)

Барселона беше оштетена вечерва во локалното дерби против Жирона? Голот на Белтран, следеше по спорна ситуација во која гостите бараа фаул врз Кунде од страна на Ечевери и поништување на голот.

Спорната ситуација може да ја погледнеш на следното видео, судијата не доби повик од ВАР собата да ја гледа ситуацијата, но по консултацијата остави голот да важи и Жирона ја совлада Барселона со 2:1, со што Реал Мадрид се искачи на врвот од табелата со +2 бода во однос на вечниот ривал.