Останато

НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА НА ИТАЛИЈАНКАТА ЛОЛОБРИГИДА

Италија има нова олимписка хероина и тоа не било којa туку жена што пред само два месеци размислувала за пензија.

Франческа Лолобригида испиша една од најубавите приказни на првиот ден на зимските олимписки игри, освојувајќи златен медал на 3000 метри во брзо лизгање и тоа со олимписки рекорд и време што изгледаше како од друга димензија.

А само пред само неколку месеци, нејзиниот план бил сосема поинаков. Тежок вирус ја уништи нејзината форма, настапите во Светскиот куп беа далеку од нејзиното вистинско ниво, а сомнежите и физички и психолошки беа огромни. Толку големи, што Франческа сериозно размислувала да стави крај на кариерата.

Но, таа не се откажа. Чекор по чекор, трка по трка, ден по ден полека ја враќаше формата, самодовербата и вербата дека сè уште припаѓа на врвот. Денес, токму во дисциплината во која освои сребро во Пекинг, направи чекор повеќе: олимписко злато и олимписки рекорд.

Настапот беше совршен. Ритам, моќ, контрола и финиш што го остави светот без здив. Време што влезе во историјата како нов олимписки рекорд.

Франческа Лолобригида докажа уште еднаш дека шампионите не се мерат само по медали, туку по тоа како стануваат кога паѓаат.