Останато

СТРАВИЧЕН ПАД ЗА КРАЈ НА КАРИЕРАТА НА ЛИНДЗИ ВОН (ВИДЕО)

Американската скијачка легенда Линдзи Вон доживеа застрашувачки пад за време на спустот во Кортина д’Ампецо.

По само две поминати капии, на првата критична делница од патеката Олимпија деле Тофане, коленото на 41-годишната Вон попушти, по што таа силно падна и остана да лежи на снегот. Сцените беа вознемирувачки, а медицинскиот тим веднаш реагираше.

Линдзи Вон и покрај тоа што пред 10 дена го скина предниот вркстен лигамент во Кран Монтана, одлучи да настапува на олимписките игри. Светот беше во неверување, но Американката не само што настапи на тренинзите туку беше и меѓу најбрзите три. Беше во потера на петтиот медал.

Таа со хеликоптер беше пренесена во најблиската болница, а од ТВ пренесоот се слушнаа нејзините крикови.

Се очекуваат официјални медицински информации за состојбата на една од најголемите скијачки во историјата.