Фудбал

СИН ТИ ЌЕ ТЕ ОДНЕСЕ НА НАТПРЕВАР ПО 20 ГОДИНИ И ГОЛМАН ЌЕ ДАДЕ ИСТОРИСКИ ГОЛ

По цели 20 години, еден човек повторно влезе на трибините да ја гледа својата Бенфика. Не сам. До него беше неговиот син, истиот тој што ја наследил љубовта, боите и приказните што со години се прераскажувале дома.

И како да не беше доволно тоа што неговиот син го врати таму каде што срцето никогаш не престанало да припаѓа… Во 97. минута се случи нешто што изгледа како сцена напишана од фудбалските богови.

Голманот на Бенфика, Анатолиј Трубин, постигна победнички гол, гол за историја, гол за следна рунда во Лигата на шампионите и гол за спомени што ќе се прераскажуваат цел живот.

Погледнете ја неговата реакција: