Фудбал

АРТЕТАТА ЈА ОБЈАСНИ ПОВРЕДАТА НА САКА

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја објасни ситуацијата поради која Букајо Сака во последен момент отпадна од стартниот состав на натпреварот против Лидс Јунајтед.

Англискиот репрезентативец првично беше најавен меѓу првите 11 на Еланд Роуд, почна со загревањето, но само што започнаа побара помош од медицинската екипа и на негово место започна Нони Мадуеке. Топчиите славеа со 0:4, а Артета по натпреварот се наврати на замената:

За време на загревањето почувствува мала непријатност. Не се чувствуваше комотно да го започне натпреварот, па веднаш донесовме одлука да направиме промена и да го вклучиме Нони.

Одлуката се покажа како полн погодок. Мадуеке одигра клучна улога во двата гола на Арсенал во првото полувреме обезбедувајќи асистенција, а тренерот не го криеше задоволството од неговата подготвеност.

Тој беше подготвен, затоа што вакви работи не се случуваат од нигде-никаде. Начинот на кој се подготвуваше и на кој ја чекаше својата шанса денес му се исплатеше, бидејќи имаше огромно влијание на играта.

По серија од три натпревари без победа во Премиер лигата, лидерот на табелата испрати силна порака со убедливата победа од 0:4 против Лидс, покажувајќи реакција токму кога беше најпотребно. Што се однесува до повредата на Сака и дали и колку ќе отсуствува, ќе знаеме во текот на утрешниот ден.