ТИПУВАМЕ

ТИКЕТ НА КОЛОТО СО ФУДБАЛ И РАКОМЕТ ОД ИГОР ТРПЕСКИ

Во Златна Копачка продолжува „брканицата“ по iPhone 17 или Sony Playstation 5, но јас решив место тикет со 7 пара, да играм тикет со 6 пара, како конечно би биле добитни.

Еве ги предлозите за игра, па ако ти се допаѓа можеш да го уплатиш во било која Златна Копачка со прикажување на следниот код: 627807

М. СИТИ vs ВОЛВС: 1-1

По двата кикса, редно време е Манчестер Сити да забележи победа. Наместо 1, играм 1-1 за поголем коефициент, а верувам дека граѓаните „ќе запнат“ уште од првото полувреме.

ФИОРЕНТИНА vs КАЉАРИ: 1

Домаќините имаат 2 победи и 2 нерешени во последните 4 натпревари, па верувам дека со победа против Каљари ќе ја продолжат добрата серија, а дополнително ќе излезат од зоната за релегација. Гостите доаѓаат осоколени по дуелот со Јувентус, кој го добија со 1:0, но играат топло-ладно цела сезона.

ГЕРМАНИЈА vs НОРВЕШКА: 1

Германците започнаа лошо ова Европско првенство, со победа против Астрија и шокантен пораз од Србија, Кнор беше во конфликт со селекторот, но се чини дека разликите се надминати и почнаа да играат врвен ракомет. Во моментов се на врвот од табелата, па победа против Норвешка ќе им биде од големо значење бидејќи би требало да го осигураат пласманот во топ 4, пред последниот дуел против Франција во групата. Затоа го играм овој дуел чист 1.

ЊУКАСЛ vs АСТОН ВИЛА: Т2 1+ 2П

Искрено, секој тип може да биде добитен за овој дуел, како на пример домаќините да победат, ГГ3+ или па воопшто да нема гол, па затоа од „тепка“ и од инстинкт ќе одиграм дека Вила ќе постигне барем еден гол во второ полувреме, а коефициентот за оваа игра е одличен во Златна Копачка.

ЈУВЕНТУС vs НАПОЛИ: 1П 0-2 и 2П 1-3

Секогаш кога е тесно ја играм оваа игра, а очекуваме тесно да биде и во Торино каде што Наполи гостува против Јувентус на Спалети. Не очекуваме многу голови, па ако има нека од еден до три гола во второ.

РОМА vs МИЛАН

Во Италија ќе се игра уште едно дерби покрај големото помеѓу Јувентус и Наполи, а за ова типуваме дека стрелците ќе бидат расположени и на едната и на другата страна. Рома оваа сезона прикажува одлични резултати, особено дома, па очекувам дека ќе нападнат уште од старт, додека таквиот пристап може да биде од голема корист за Милан кои покажаа дека знаат да играат на контри. Затоа гол-гол.