Фудбал

АРСЕНАЛ ИМА НОВА ТИНЕЈЏЕРСКА НАДЕЖ

Топџиите мака мачат со резултатите и титулите последните 15-тина години, но нивната академија и натаму произведува суперталенти. Улогата на развојните тимови е да ги извадат на површина најдобрите во младинските генерации, а понатаму се останува на желбата на играчот.

Чарли Патино е новото име во Лондон, 17-годишноикот кој во октомври полни 18 години и најверојатно ќе добие екстензија на договорот кој го потпиша кога наполни 17, затоа што тогаш првпат може да стави потпис на обврска со еден професионален клуб.

Кога го потпишуваш првиот договор, може да бидеш „врзан“ за клубот само две години по првата, што значи Патино може да остане во Арсенал до 2023-та година. Но, Топџиите се свесни за неговиот потенцијал и ќе се обидат да го задржат во клубот до 2025-та година или подолго, но прво треба да наполни 18 години.