КРАЈ НА ЕДНА ЕРА?
Објавено на: 13.09.2021
По деклинацијата на формата на Федерер и Надал, следува пад на нивото на играта и на Новак Ѓоковиќ, што беше илустрирано преку психолошкиот пораз од Данил Медведев на УС Опен со 0:3 (4:6, 4:6, 4:6), најтежок за српскиот тенисер во последните 11 години.
Kако речиси никогаш претходно (односно од полуфиналето на Вимблдон 2010-та кога беше совладан од Томаш Бердих со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3)) Ноле беше индиспониран, а тоа го докажа и со демолирањето на рекетот:
Ѓоковиќ не успеа да освои календарски слем, но има пред себе уште 2-3 години врвен тенис. Ќе успее да стане бесмртен, дали веќе го потврди тој статус или ќе остане засекогаш во сенка на Швајцарецот и Шпанецот?