ПЕНАЛОТ ЗА СРАМ НА БРАХИМ ДИАЗ (ВИДЕО)
Објавено на: 18.01.2026
Афричкиот Куп на нации во сиот полн сјај!
Судијата во судиското продолжение досуди пенал по нафрлување во шеснаесетникот во кој како покосен падна Брахим Диаз, на резултат 0:0. По ВАР прегледот, претствниците на Сенегал негодуваа, а селекторот ги повика своите играчи во соблекувалната. Единствен кој остана на теренот беше Садио Мане, кој ги молеше своите соиграчи да се вратат на теренот.
По речиси 15 минути, тој успеа да ги убеди заедно со Ел Хаџи Диуф од трибините, а на натпреварот преостана уште да се изведе пеналот. Доколку Мароко погоди, ја освојува титулата. Одговорноста ја превзема Брахим Диаз врз кој беше направен пеналот и потоа следуваше ова…
Натпреварот отиде во продолженија, а Садио Мане е новиот фудбалски херој.