Фудбал

ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ЛЕБРОН ДА ГО УРНЕ МИТОТ НА ЏАБАР?

Моменталната икона на НБА лигата, која настапува за ЛА Лејкерс има шанса да го подобри најнедостижниот рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот.

На врвот е пензионираниот Карим Абдул Џабар кој има 38.387 поени во кариерата, зад него е пензионираниот Карл Мелоун со 36.928, а на третата позиција е активниот Леброн Џејмс кој има 35.367 поени во досегашниот тек од кариерата.

Досега никогаш немал под 20.9 (руки сезона) поени во просек, последните две сезони имаше 25 поени по натпревар. Со просек од 18.4 поени по натпревар во следните две сезони, Кралот може навистина да биде крунисан за Крал.

Достижно, или не?