Фудбал

БРАЗИЛЦИТЕ СЕ БУНЕА ЗА РЕКОРДОТ, ИТАЛИЈАНЦИТЕ ИМ ПОКАЖАА КОИ СЕ

Италијанската фудбалска репрезентација е првата национална селекција која успеала да одигра 37 натпревари, без да загуби меч. Рекордот беше потврден со квалификациската победа за следното СП, од 5:0 против Литванија.

Бразилците го оспоруваа учинокот од 36 меча без пораз, затоа што тврдат дека тие меѓу 1993 и 1996 година имале иста таква серија, но спорен момент е натпреварот против Б селекцијата на Романија.