Фудбал

ТОП 10 СПОРТИСТИ ПО ЗАРАБОТКА ВО СВЕТОТ

Кристијано Роналдо повторно се најде на врвот на листата на најплатени спортисти во светот. Португалската ѕвезда ја предводи листата од 100 имиња, која вклучува спортисти од осум различни спортови и 28 земји.

Со потпишувањето на нов двегодишен договор со Ал Наср минатото лето, Роналдо ги демантираше гласините за пензија и обезбеди астрономска заработка. Според податоци на Sportico, 40-годишниот фудбалер инкасирал околу 227 милиони евра во 2025 година, од кои приближно 174 милиони евра од плата, а дополнителни 53 милиони евра од спонзорства. Вкупните приходи за време на договорот со Ал Наср, вклучувајќи бонуси и улогата на „амбасадор“, би можеле да надминат 575 милиони евра.

На второто место на листата се најде боксерската ѕвезда Канело Алварез со околу 119 милиони евра, додека трет е Лионел Меси, чија вкупна заработка изнесува околу 113 милиони евра, благодарение на платата во МЛС и силните маркетинг договори.

Во топ 10, покрај Роналдо и Меси, единствен друг фудбалер е Карим Бензема, кој заработил околу 101 милион евра.

1. Кристијано Роналдо (фудбал, Ал Наср) – ≈ 227 милиони €

2. Канело Алварез (бокс) – ≈ 119 милиони €

3. Лионел Меси (фудбал, Интер Мајами) – ≈ 113 милиони €

4. Хуан Сото (бејзбол, Њујорк Метс) – ≈ 103 милиони €

5. Леброн Џејмс (кошарка, ЛА Лејкерс) – ≈ 96 милиони €

6. Карим Бензема (фудбал, Ал Итихад) – ≈ 101 милион €

7. Килијан Мбапе (фудбал, Реал Мадрид) – ≈ 94 милиони €

8. Стеф Кари (кошарка, Голден Стејт Вориорс) – ≈ 92 милиони €

9. Кевин Дурент (кошарка, Феникс Санс) – ≈ 89 милиони €

10. Рори МекИлрој (голф) – ≈ 86 милиони €

Интересно е што, според извештајот, ниту една спортистка не се најде меѓу првите 100, иако тенисерката Коко Гоф беше најплатена жена во 2025 година со околу 29 милиони евра.

И на 40 години, Кристијано Роналдо останува глобален феномен, и на теренот и на банкарската сметка.