ПСЖ ТРГНУВА ПО SВЕЗДАТА НА ЧЕЛСИ
Објавено на: 17.01.2026
Лондонски Челси повторно минува низ бурна фаза, а случувањата на Стемфорд Бриџ се под лупа на европската фудбалска јавност. По заминувањето на тренерот Енцо Мареска уште на самиот почеток на новата година, клубот би можел да остане и без еден од своите најважни фудбалери.
Како што пренесува реномираниот француски весник Л’екип, аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез е меѓу играчите кои би можеле да го напуштат Челси.
Францускиот гигант, кој во последните сезони селективно ги бира своите засилувања, сериозно ја разгледува можноста за ангажман на Фернандез. И покрај нестабилните резултати на Челси, неговите индивидуални настапи не поминаа незабележано.
Според истите извори, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го сместил Енцо на врвот на листата на желба за на лето и смета дека совршено би се вклопил во неговата визија и стил на игра.
Доколку трансферот се реализира, Челси би можел да остане без уште еден столб на тимот, додека ПСЖ би добил играч од светска класа во средниот ред.