ЦЕЛА ЕВРОПА САКА ДА КУПУВА ВО МИЛАН(О)
Објавено на: 08.09.2021
Најава за нови превирања околу засилувањата за финансиски моќните екипи, се интересот на ПСЖ за Франк Кеси и за Тео Ернандез, за кого пак е заинтересиран и Манчестер Сити. Овие два фудбалера на Милан, речиси сигурно на лето ја напуштаат средината во која сега играат.

По заминувањето на Донарума од Милан во ПСЖ и Лукаку од Интер во Челси, односно интресот на Тотенхем и Челси за Франк Кеси кој на лето станува слободен играч, јасно е дека цела европа сака да купува во Милано. Двата милански гиганта одамна немаат финансиска моќ како некогаш и се потешко ги задржуваат своите ѕвезди.

Но, останува фудбалската умешност на најлутите ривали, воедно и соседи кои меѓусебно екстремно се почитуваат, која е реткост во континентални и во светски рамки. Милано, сепак, е градот на фудбалот во модрената ера?