Фудбал

ДЕБИТО НА РОНАЛДО ОДЛОЖЕНО?

Второто деби на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед би можело да биде одложено и тој да не настапи против Њукасл.

Причините поради ваквото одложување се кријат во карантинските обврски кои секој кој ќе пристигне на Островот треба да ги помине. Според англиските медиуми, Португалецот не би бил доволно добро подготвен бидејќи ќе има само еден ден тренинг со новите клупски колеги, откако овие денови тој се наоѓа во изолација во Манчестер.

Од таму, тие веруваат дека Солскјер би можел да го остави само на клупа против Њукасл, а целосното деби да биде против Јанг Бојс во Лигата на шампионите, кога Манчестер Јунајтед ќе гостуваат во Швајцарија.