Фудбал

ТОЈ ИМА СРЕЌА ШТО НЕ Е РОДЕН КАЈ НАС

Првата ѕвезда на репрезентацијата на Андора, 41-но годишниот Илдефонс Лима уште еднаш ги искоментира изјавите на Гери Линекер, поранешниот англиски репрезентативец кој работи како стручен коментатор при што ги омаловажуваше малите земји:

Андора е земја исто како и Англија. Линекер има среќа што не е роден во Андора, па играл квалитетен фудбал. Зошто ние да не ја добиеме истата шанса?

Лима алудираше на изјавата на Линекер во која Англичанецот го оспори системот на УЕФА во кој „малите“ земји играат квалификациски натпревари со „големите“, а веднаш потоа Луксембург ја совлада Ирска, односно Македонија славеше кај Германија.