Фудбал

ДРЕСОТ НА БАРСЕЛОНА ШТО ДОСЕГА ГО НЕМАМЕ ВИДЕНО

Престижниот портал goal.com пласира фотографија со дрес на Барселона, кој е непознат за пошироката јавност која го следи фудбалот.

Можете ли да дешифрирате од кој натпревар е овој дрес, која сезона и која гарнитура (домашен, гостински, европски, друг)?

Еве ја и официјалната понова (1984 – 2018) историја на дресовите на Каталонската гордост, но на списокот го нема овој дизајн:

Актуелниот спонзор на Барселона е јапонската е-комерц компанија Ракутен, која потпиша четиригодишен договор од 1-ви јули 2017-та, продолжен за сезоната 2021/22.