Фудбал

БИТКАТА ЗА КЕСИ СЕ РАЗГОРУВА

Имаше само најави, но сега е официјално – Тотенхем и Челси ќе се борат за потписот на играчот од средниот ред на италијанскиот гигант Милан. Франк Кеси има понуда од белата лондонска екипа која гласи 130.000 фунти неделна плата, што ќе биде најмалку израмнето од сините.

Адут на Тотенхем е нивниот италијански спортски директор Фабио Паратичи кој веќе почнал преговори со претставниците на Кеси, кому следното лето му истекува договорот. По „тепачката“ за голманот Донарума, ова е уште еден доказ за квалитетната работа на новиот технички директор, Паоло Малдини.