Фудбал

ЛАЦИЈАЛИТЕ САМИ СИ ПУКАЛЕ ВО НОГА?

Медиумската хајка против Ајнтрахт Франкфурт завршува со грешката на администрацијата на Лацио, која заборавила една буква во официјалниот допис до германскиот клуб, со што пропаднал трансферот на Филип Костиќ.

Дописот со барање за трансфер на српскиот интернационалец бил испратен на eintrachtfranfurt.de, наместо на eintrachtfrankfurt.de со што немало можност Германците да го примат и да одговорат на барањето на Италијанците.

Во италијанската азбука ги нема консонантите J, K, W, X, Y и Z, кои се сметаат за странски букви. Од Лацио испратиле нов меил со објаснување, но додека да се постигне компромис, трансфер прозорецот се затворил.