Фудбал

ГО УНИШТУВААТ ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛ?

Францускиот клуб ПСЖ е извор на немир кај традиционалните европски фудбалски организации, особено Ла Лига, чиј претседател Хавиер Тебас го посочи како извор на нестабилност на рамнотежата:

Клубовите-држави се опасни за фудбалскиот еко-систем, исто како што се опасни лигите како Суперлигата. Бевме критички настроени за создавањето на ова натпреварување, критички сме настроени и кон ПСЖ. Овие појави го уништуваат европскиот фудбал.

ПСЖ формира трио Меси-Нејмар-Мбапе во обидот да ја освои ЛШ. Неговиот претседател Насер Ал-Келафи го сопре создавањето на Суперлигата, но (о)станува трн во окото на големите играчи зад сцената.