Кошарка

ЈАНАКОПУЛОС ПО ПОРАЗОТ ОД ОЛИМПИЈАКОС: ЗНАМ КОЈ КАДЕ ПИЕШЕ И КОЛКУ

Сопственикот на Панатинаикос распали по своите играчи по најновиот пораз од градскиот ривал во Евролигата. Зелените катастрофално го отворија мечот во ОАКА, губејќи уште на стартот со 5:24, по што беше тешко да се вратат повторно во натпреварот кој беше веќе десетти пораз во низа во големото атинско дерби.

Епилогот дополнително го разгневи првиот човек на клубот, кој денес присуствуваше на тренингот на тимот и испрати јасна порака до своите скапо платени ѕвезди.

Почитувајте го клубот и своите договори. Илјадници навивачи поради вас не спиеја цела ноќ. Во минатото бев многу строг кога станува збор за дисциплина и однесување надвор од теренот, можеби и најстрог од сите сопственици во Европа. Постојат натпревари чие значење мора да го разбереме. Некои работи не можам да ги прифатам. Знам кој пиел алкохол, колку пиел и кога пиел за дочекот на Новата година. Нема да именувам, но знам кои се. Пред два дена бевте пијани во пет наутро. Тоа не можам да го прифатам никако пред дуел со Олимпијакос.

Семејството Јанакопулос веќе четири децении го предводат Панатинаикос, а откако неодамна во сопственишто го превзема најмадлиот Димитрис, веднаш доведе врвни играчи и тренерот Атаман, што резултираше со освојување на титулата во Евролигата. Сепак од тогаш, започнаа со лоша серија, а освен во Евролигата детронизирани беа и во домашното првенство од Олимпијакос, кој не знае за пораз во десет дерби натпревари со Панатинаикос.