ПЕРЕЗ ОД АРСЕНАЛ ГО НОСИ НАСЛЕДНИКОТ НА КРОС?
Објавено на: 04.01.2026
Не е тајна дека Реал Мадрид активно бара засилување во средниот ред, со јасна цел: да најде долгорочен наследник на Тони Крос. Германецот се повлече во пензија, а „кралскиот клуб“ сега бара профил кој ќе носи квалитет и стабилност во следната деценија.
Според информациите на Defensa Central, вистинскиот сон на Перез е да го донесе Деклан Рајс од Арсенал. Првиот човек на Реал Мадрид е воодушевен од англискиот репрезентативец, особено по неговите настапи против кралевите во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го следеше Рајс уште во времето кога настапуваше за Вест Хем, а интересот не стивнува ниту денес. Со 27 години, Рајс нуди долгорочна перспектива и „подолго траење“ во споредба со други врвни играчи на неговата позиција, како Родри на пример, играч за кој Реал Мадрид е исто така заинтересиран, но интересот спласна по неговите две повреди во претходната и оваа сезона.
Сепак, мисијата да се донесе Рајс на Бернабе нема да биде лесна, бидејќи тој е клучна фигура во проектот на Микел Артета. Арсенал го гледа како столб на тимот за иднината, без намера да се раздели со него. Лондонскиот клуб вложи околу 120 милиони евра за да го доведе од Вест Хем, што дополнително ја зголемува неговата цена и сложеноста на евентуалниот трансфер.
Рајс неодамна јавно ја изрази својата почит кон Реал Мадрид, што нормално ги „разбуди“ шпекулациите, но во моментов трансферот изгледа нереален и финансиски и било како друго.