ПРЕТПОСЛЕДЕН ТИКЕТ НА КОЛОТО ОД ИГОР ТРПЕСКИ ЗА 2025
Објавено на: 26.12.2025
Што мислите, дали во последните две „кола“ од 2025 година, можеме да закачиме добитен тикет во Златна Копачка? Надежта кај мене не умира, иако сме се поблиску до добивка, но добитните тикети ги нема.
Еве што ќе играм викендов, а тикетот ве советувам да го одиграте во сабота наутро за да „ќарите“ 10% поголема добивка бидејќи има happy hour од 9 до 11ч.
АРСЕНАЛ vs БРАЈТОН: ГГ
Гостите од брегот мислам дека нема да си заминат од Емирати со барем еден гол постигнат во голот на Раја. Затоа гол-гол.
ЧЕЛСИ vs А. ВИЛА: Т2 1+ 2П
Астон Вила е во серија од 10 победи по ред, а на Стемфорд Бриџ можеби ќе се прекине серијата, но верувам дека ќе дадат барем еден гол во второ.
ПИЗА vs ЈУВЕНТУС: ГГ
Пиза е незгодна екипа на која секој бод и е битен, а тоа го покажа на гостувањето против Милан и дома против Интер, каде што беше рамо до рамо со големите гиганти. Прогнозираме дека ќе постигнат барем гол против Јувентус, а секако дека ќе примат барем еден.

МИЛАН vs ВЕРОНА: 1-1
Нема што друго да се додаде освен дека Милан мора да оди на победа по киксот против Сасуоло и елиминацијата од Наполи. Затоа 1-1, а за сите похрабри нека додадат и на голови, 2+ или 3+.
АТАЛАНТА vs ИНТЕР: Т2 2+
Интер не игра добро во дерби дуелите, но со оглед дека Лукман нема да го има во составот на Аталанта и дека домаќините играат офанзивно, нема да згрешиме ако типуваме дека Интер ќе даде два гола. Не би играл двојка поради лошиот скор во дерби дуелите, но традиционално нероаѕурите од Милано се тука надмоќни.
Кодот за уплата е: 505914
