АВСТРАЛИЈА ОПЕН ЌЕ БИДЕ ПОСЛЕДНИОТ ГРЕН СЛЕМ ЗА НОВАК?
Објавено на: 27.12.2025
Новак Ѓоковиќ се подготвува за нова сезона и уште еден историски обид, освојување на 25. Грен слем титула на австралиско тло. Дел од тениската јавност верува дека токму Мелбурн може да биде местото каде што ќе се испише последното поглавје од неговата кариера.
Тенискиот новинар Кевин Палмер наведува дека евентуален триумф во Австралија би можел да биде „совршен последен танц“ за Србинот:
Ако ја освои 11 титула во Мелбурн и дојде до магичната бројка од 25 гренд слемови, тој дополнително ќе го зацврсти статусот на најголем во историјата и многумина веруваат дека тоа може да биде неговиот последен настап. Падот на формата на Алкараз и можните проблеми со повреди кај Синер може да му отворат врата на Новак за уште еден голем трофеј.
Од друга страна, самиот Ѓоковиќ неодамна испрати порака дека не размислува за крај и дека е мотивиран да игра уште долго, како многу познати спортисти во светот.
Долговечноста е мојата најголема мотивација. Сакам да видам колку далеку можам да стигнам. Погледнете ги Леброн, Роналдо, Брејди, тие играат понатаму и во петтата декада од животот. Се случуваат промени во нашиот спорт и сакам да бидам дел од нив. Возбуден сум за трансформацијата која го очекува тенисот во следните години.
Едно е сигурно: сите погледи и оваа зима ќе бидат насочени кон Мелбурн и Новак Ѓоковиќ.