МАЊАН ПОДГОТВУВА „ДОНАРУМА“ ИЗЛЕЗНО СЦЕНАРИО?
Објавено на: 15.12.2025
Истекот на договорот на Мајк Мањан се надѕира во јуни 2026 година, а Газета дело спорт предупредува дека Милан би можел да се најде во ризик да го загуби францускиот голман без обештетување, сценарио слично на заминувањето на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ во 2021 година. Сепак, во таборот на „росонерите“ се надеваат дека овојпат приказната ќе има поинаков крај.
Милан ќе ги продолжи разговорите за нов договор со Мањан во наредните денови, но јануари е на прагот, што значи дека голманот ќе може да преговара со други клубови. Интерес за него постои, особено од Премиер лигата, а Челси веќе беше поврзуван со Мањан минатото лето. Пред неодамна се појави и луда идеја дека Интер ќе му понуди договор за траснфер во другиот дел на градот, но засега нема ништо сериозно на таа тема.
Клубот е свесен дека англиските клубови можат финансиски да ги надминат понудите на Милан, но продолжувањето на договорот со 30-годишниот голман останува приоритет. Во убедувањето е вклучен и тренерот Масимилијано Алегри, кој наводно е во супер добри односи со францускиот голман.
Спортскиот директор Игли Таре потврди дека преговорите ќе продолжат и нагласи дека Мањан е среќен во Милано, демантирајќи ги шпекулациите за барања од 8 милиони евра годишна плата.
Тој е лидер и важен дел од тимот. Милан сака да го задржи, а и тој сака да остане
Што велиш, ќе остане ли „Меџик Мајк“ во црвено-црниот дрес и летово?