Фудбал

РУНИ ГО ПОЗДРАВИ РОНАЛДО

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед имаше интересен коментар за евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Манчестер Сити:

Мислам дека тој е поблиску до ПСЖ, отколку до Сити. Шмајхел и Кол преминаа од Јунајтед во Сити, но мислам дека нема тоа да го стори и Роналдо. Остави длабок печат во Јунајтед, на тоа е горд како играч и како човек. Не му требаат финансиски средства за да го направи тој чекор, но ова е фудбал и се е можно. Секогаш треба да го направите најдоброто за себе и за семејството. Сите ние сме различни, се можам да разберам, но јас никогаш не би играл за Сити или за Ливерпул. – се зборовите на Вејн Руни.

ПСЖ ги демантира гласините дека преговара со Роналдо. Португалецот е таргет на навивачите на Јунајтед. Ќе потпише ли за Сити?