КОНТЕ НА МЕСТОТО НА АРТЕТА?
Објавено на: 26.08.2021
Италијанскиот стратег ќе седне на столчето на шпанскиот, на клупата на лондонскиот клуб. Антонио Конте е сериозен кандидат за евентуална замена за Микел Артета, ако челниците на Арсенал предвреме го загубат трпението со актуелниот менаџер.

Шпанецот имаше една цела сезона како предводник на топџиите, на изненадување на јавноста ужива(ше) бескрајно трпение од раководството, но до каде ќе оди прагот на толеранција по најлошиот старт во историјата? Неофицијално, до октомври.

На почетокот на премиерлигашката сезона, за првпат во 128-годишната историја, Арсенал ги заврши првите два натпревара без постигнат гол и без освоен бод, со два пораза со по два примени гола. Време е за промени на жешката клупа?