Фудбал

СЕ ЗНААТ ПРОТИВНИЦИТЕ ДОКОЛКУ ЗАГУБИМЕ ОД ВЕЛС

Македонската фудбалска репрезентација е пред клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026! Нашите „рисови“ се во Велс, каде што се освен пораз значи огромен чекор напред, а тоа е обезбедување на третиот шешир за ждрепката!

Третиот шешир значи и полесен противник во првото коло, но и поповолна позиција за вториот дуел доколку стигнеме до него.

Што значи победа (или нерешено)?

Ако Македонија успее да остане непобедена против островската селекција, ќе се најдеме во третиот шешир. Ова значи поповолна позиција и полесен пат низ баражот, бидејќи ќе ги избегнеме најсилните ривали од тој сад.

Црно Сценарио: Пораз и „Пеколен“ Бараж

Меѓутоа, ако загубиме од Велс, работите стануваат далеку покомплицирани. Поразот нѐ сели во четвртиот шешир, а тоа веднаш носи пеколно полуфинале!

Со денешните комплетирани средби, веќе знаеме кои се големите ѕверки кои сигурно ќе чекаат во првиот шешир и ќе бидат домаќини на полуфиналните натпревари:

  • Италија
  • Турција
  • Украина
  • Еден од Полска / Данска / Австрија

Затоа, вечерва императив е нерешено или победа, бидејќи пораз ќе значи дуел со еден од европските великани.