Фудбал

РОНАЛДО ГИ ПРОПУШТА ПРВИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ ОД СВЕТСКОТО?

За прв пат по 226 натпревари во португалскиот дрес Кристијано Роналдо доби црвен картон, а Португалиај загуби 0:2 од Ирска со што не обезбедија се уште пласман на Светското првенство.

Откако со лакт го удри противничкиот играч, доби жолт картон, но по ВАР прегледот судијата се премисли и заработи црвен картон. Португалецот нема да биде во составот против Ерменија во недела кога со победа ќе се пласираат на Светското првенство, но според многу светски медиуми, најдобриот стрелец во историјата на Португалија можеби ќе ги пропушти и првите два натпревари од Светското следната година.

Според дисциплинската комисија на ФИФА, казната за ваков удар е 3 натпревари, што во превод го потврдува она што веќе многу светски медиуми го најавија, сепак, останува да видиме дали репутацијата на Роналдо ќе му излезе во пресрет и ќе се спаси од долга суспензија.

Вреди да се напомене дека во целата негова кариера досега, ова е само 13 исклучување од натпревар. Тој има 40 години и следната година во Мексико, САД и Канада ќе има полни 41 година.