Фудбал

СТОЛЕ ЈА ТРЕСЕ ВАЛЕНСИЈА: МОЖНА Е НЕГОВА СУСПЕНЗИЈА?

Столе Димитриевски се врати дома, а од Скопје ја тресе Валенсија која е на 1858 километри воздушна линија.

Нашиот голман во интервју во еден познат поткаст, се осврна на ситуацијата во која се наоѓа во Валенсија, во која потенцираше дека иако е во добра форма, не може да брани во неговиот клуб поради тоа што Хулен Агирезабала, првиот голман на тимот мора да има 30 настапи, во спротивно ќе треба на Билбао да му се платат бонуси.

Таа вест одекна толку гласно во Шпанија, што локалниот спортски медиум Супердепорте откри дека сите во клубот се бесни на нашиот голман, бидејќи според нив со невистини го обвинил својот тимски колега и тренерот Карлос Корберан.

Аферата Димитриевски одекна гласно! Котроверзната изјава на Димитриевски, кој тврди дека Агирезабала брани поради клаузула во договорот е нешто што не наиде на аплаузи кај тренерот Корберан, ниту кај соиграчите. Сите нивоа во клубот се разочарани од Димитриевски, поради покажување со прст кон тренер и соиграч, особено бидејќи не ја рефлектираат реалноста. Македонецот ги критикуваше сите и тоа во период на криза кога се бара да се покаже единство и сите поединци да се подредат во интерес на колективот. Незадоволството е разбирливо и Димитриевски ќе треба да објасни многу работи кога ќе се врати по репрезентативниот настап

Трансфер во јануари станува се повеќе реална опција, но прашањето сега е дали клубот ќе го санкционира нашиот голман?