Фудбал

АЛКАРАЗ: СЛОБОДЕН СУМ ЗА СИТЕ ДЕВОЈКИ ОД СВЕТОТ

Освен прес конференции на кои новинарите го прашуваат за форхендот и бекхендот, последната на Карлос Алкараз помина во знакот на неговиот статус, дали е сингл или не.

За тоа се погрижи Елена Веснина, поранешна тенисерка која освои три гренд слем титули во двојки и еден во мешани двојки, олимписко злато, Мастерс турнир, Фед купот и многу други големи титули.

Карлос, честитки за победата, мислам дека одговори на сè за натпреварот, но имам едно прашање што ги загрижува сите девојки на светот. Дали твоето срце е зафатено?

Тој не разбра „од прва“ па побара повторно да го повтори прашањето.

Дали срцето ти е зафатено или си слободен?

На тоа Шпанецот се насмевнa и возврати:

Да, слободен сум.

Во изминатиот период многу се шпекулираше за евентуалната девојка на Алкараз. Првично со Ема Радукану, со која играа во двојки, но исто така и со сестра на познат американски моден модел.