Тенис

ПАНТЕРСКИОТ СКОК НА ЃОКОВИЌ ЗА ПОЕН НА ТУРНИРОТ ВО АТИНА (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, ги продолжува своите шампионски подвизи на 38 годишна возраст.

Пред малку, со пресврт во сетови успеа да го совлада Лоренцо Мусети за својата 101 титула во кариерата.

Овој тесен дуел траеше три часа, а на крајот Ѓоковиќ го искина дресот во емотивен начин и покажа колку му значи оваа титула. Само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103 се пред Новак по бројот на титули во историјата на тенисот.

Финалето го одбележа овој поен, кој дефинитивно му даде и психолошка предност за пресврт на натпреварот.