Фудбал
ГОЛОТ НА ЗИЕЛИНСКИ ЗА ПУШКАШ НАГРАДА? (ВИДЕО)
Објавено на: 02.11.2025
Интер води на Бентегоди во Верона со 0:1, благодарение на голот на Зиелински кој несомнено ќе конкурира за еден од најубавите оваа сезона во топ 5 лигите.
Во 16 минута, нероаѕурите добија корнер, Чалханоглу го изведе, а полскиот репрезентативец од прва ја смести топката во мрежата на Верона.
Погледнете и уживајте во ова мало ремек-дело на играчот од средниот ред на Интер.