МАРКУС РАШФОРД НЕМА ДА ПРОДОЛЖИ СО БАРСЕЛОНА?
Објавено на: 03.11.2025
Голема препрека стои на патот Маркус Рашфорд перманентно да се пресели на Камп Ноу, според британските и шпанските медиуми.
Ова лето, откако не успеа да најде „место под сонцето“ на Олд Трафорд со Рубен Аморим, Маркус Рашфорд се пресели во Барселона на позајмица и од тогаш до денес постигна шест гола и седум асистенции на четиринаесет натпревари.
Добрата форма на Рашфорд ги присили челниците на Барселона уште веднаш да почнат преговори со Јунајтед за позајмицата да ја претворат во трансфер со кој Англичанецот ќе стане сопственост на тимот од Каталонија.
Сепак, според шпанските и англиските медиуми пред реализација на трансферот се испречила голема пречка која се вика платата на играчот од навалната линија. Тој потпиша нов договор со Јунајтед во 2023 година, а платата која би требало да ја зема во моментов е значително поголема од лимитот кој го има каталонскиот клуб доколку сака да го испочитува „финансиското фер плеј“ правило.
Добро упатениот извор кој го споменуват англиските медиуми, вели дека дека каталонскиот гигант сака да му понуди на Рашфорд долгорочен договор што би вклучувал намалена основна плата, но би имал бонуси базирани на перформанси и маркетинг права. Но токму тоа е „каменот на сопнување“ во моментов, што таа плата која Барселона му ја нуди е драстично помала од онаа која ја зема од Јунајтед во моментов.
Ваквиот развој на настаните привлекува интерес за Рашфорд и од други клубови, но во моментов приоритет за Англичанецот е да остане во Барселона.