ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ЗНАЕ СУДБИНАТА НА МАНЧЕСТЕР СИТИ
Објавено на: 28.10.2025
Поминаа многу месеци во тишина и одеднаш гром од ведро небо кога е во прашање судењето против Манчестер Сити и обвинението од 115 точки.
Како што најавуваат англиските медиуми, пресудата во судскиот процес за прекршување на финансискиот фер-плеј на „граѓаните“ би можелa да биде позната во средината на ноември, во текот на паузата за репрезентативен фудбал.
Според овие најави се потврдуваат и процените дека за секоја недела сослушување во просек е потребно четири недели за одлучување. Сослушувањата траеја 12 недели, а во средината на ноември истекува предвидениот рок од 48 недели потребно за разгледување на документацијата, сведоците и околностите.
Да се потсетиме, што се им се става на товар на Сити?
- Пропуст дека не се доставени исправни финансики податоци од сезоните 2009/2010 до 2017/2027 (вкупно 54 точки)
- Не се доставени исправни податоци за платите на играчи и менаџерите во истиот период (14 точки)
- Непочитување на правилата за финансиски фер-пеј на УЕФА од сезоната 2013/2014 до 2017/2018 (5 точки)
- Кршење на правилата за финансиски фер-плеј на Премиер лигата од 2015/2016 до 2017/2018 (7 точки)
- Одбивање за соработка со истражителите од Премиер лигата во период од декември 2018 до февруари 2023 (35 точки)
Целиот процес трае од 16 септември 2024, а сослушувањата се завршени во декември истата година.