ВИДЕО; ЗАМЕНЕТ, БЕСЕН И НЕ ОСТАНА НА КЛУПАТА: ВИНИСИУС ЛУТ НА ЧАВИ АЛОНСО
Објавено на: 26.10.2025
Во Реал Мадрид ќе биде бурно и покрај тоа што се блиску до победа и големо славје во Ел Класико.
Чави Алонсо во 72 минута реши да го замени Висинису со Родриго, а седмицата на Реал Мадрид првично негодуваше, неизлегувајќи, па се упати кон средината на теренот со очигледни дофрлања до тренерот на кралевите. Откако конечно го напушти теренот, продолжи да коментира кон клупата кон очигледно некој од помошниците на Алонсо и веднаш потоа не седна на клупата туку си замина кон соблекувалните.
Очекувано е ваквото однесување да не му се допадне на Алонсо, а како ќе одреагира останува да видиме по судискиот свиреж.