ГОЛГЕТЕРСКА ВЕЧЕР КАКО РЕТКО КОГА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Објавено на: 22.10.2025
Стартот на третото коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите не можеше да биде подобро, на само девет меча посведочивме на дури 43 погодоци. Иако Каират и Пафос одиграа без голови, на останатите осум средби се постигнаа неверојатно висок број на голови.
Со просек од 4,78 гола по меч, ова е втора најефикасна вечер во историјата на Лигата на шампионите. Највисок просек на погодоци по натпревар е забележан на 21 октомври 2014 година, пред точно 11 години, кога на осум меча се постигнаа точно 40 гола или просечно по пет погодоци на меч.
Со вкупно 43 гола, вчера беше трета најефикасна вечер, во 1997 година се постигнаа 44 гола на 12 меча, додека на 29 јануари годинава на 18 натпревари, односно во последното коло од лигашката фаза се постигнаа 63 погодоци.
Кога врне – истура!
Сите резултати од вчера:
Барселона – Олимпијакос 6:1
Каират Алмати – Пафос 0:0
Арсенал – Атлетико Мадрид 4:0
Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен 2-7
Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4
Њукасл – Бенфика 3:0
ПСВ – Наполи 6:2
Ројал Унион – Интер 0:4
Вилјареал – Манчестер сити 0:2